Трибини на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци и во Могила

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа трибини во општините Новаци и Могила на која владините министри ги презентираа проектите за подобрување на животот во овие локални самоуправи и за развој на Македонија.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски потенцира дека под водство на премиерот Никола Груевски се остварени најголеми стапки на економски раст.

Во време на европска криза, успеавме да ги решиме проблемите со антикризните мерки. Во Република Македонија се инвестираат 1,6 милијарди евра странски инвестиции и имаме стабилен денар, нема инфлација и рекордно високи девизни резерви, рече меѓу другото Пешевски.

Ве уверувам, истакна тој, дека продолжуваме посветено да работиме.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски рече дека во 2006 година ветиле оти земјоделците нема да ги заборават. Потенцира дека денес имаме највисока директна поддршка од 135 милиони евра за земјоделците.

Нашата политика е да имаме што поголем број регистрирани земјоделци, додаде Коњановски.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски потсети дека од март пензионерите ќе добиваат повисоки пензии и ќе има максимална грижа за децата.

Тој најави дека заедно со градоначалникот Лазар Котевски ќе ја обноват детската градина во оваа општина.

Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека во Битолската болница ќе инсталираат акцелератор кој, како што рече, е многу важен за овој регион.

Според, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со ваков градоначалник, како што е градоначалникот Котевски, многумина би посакале да живает во Новаци.

Се гордееме со успесите во комунланата инфраструктура, за што имавме поддршка од Владата. За нас од големо значење е и големата реконструкција на општинската зграда со што се создадоа услови за поефикасно исполнување на барањата на граѓаните, рече градоначалникот Лазар Котевски и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за трет мандат.

Трибината со граѓаните беше од интерактивен карактер, а и претходеше средба со граѓаните од општина Могила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски