„Divide et impera“

Од:

Divide et impera ( подели па владеј ) е една од најпознатите латински изреки која се препишува на Јулие Цезар. Од тоа време, тоа е една од врвните максими на политиката и социологијата во науката за владеење. Таа максима претставува комбинација на политички,воени и економски стратегии,која овозможува зголемување и одржување на моќ, со разделување на свои противници, така да истите не се во состојба да се спротивстават.

Во поново време Николо Макијавели ја советуваше сличната метода во своја книга „Уметност на војување“. Според него добар војсководец треба да настојува да ги разедини силите на својот непријател,така да неговиот противник се посомнева во своите луѓе во кои до тогаш верувал,или на било кој начин го присили да ги раздели своите сили и на тој начин ги ослаби.

Во својот есеј „Вечен мир“ филозофската скица на Имануел Кант,максимата „подели па владеј“ ја ставил како трета за добар владетел. Првите две се „Fac et excusa“ ( делувај, извини се подоцна ) I „Si fecisti, nega“ ( кога ќе направиш, забрани ).

Овие филозовско – политички вистини, користени во досегашната историја за успешно владеење на државници и војсководачи, се само добро спакувани и употребени денес во почеток на 21-ви век, во држава која за себе милува да каже дека е демократска и перспективна, ама обесправена и неразбрана како од меѓународната заедница така и од сопствените граѓани, држава која се вика Република Македонија.

А кои се всушност скриени методи на применетите стратегии;

Константно држење на висок процент на сиромаштија и невработеност, како предуслов за лесмо манипулирање при „демократски избори“ кога гладниот и невработениот се фаќа како давеник за сламка, и се задоволува со понудениот поткуп во форма на пари, поклон или ветување, без оглед колку е голем ( дај што ќе дадеш ). Во една таква држава, со толку голема сиромаштија и невработеност, нема елементарни предуслови за демократија. Во демократски држави, народот, пред да се бави со политика, мора да има да јаде,да се облече, да работи, да се занимава со спорт, уметност и се друго, па потоа со политика – да одлучува слободно со своја воља и по свое убедување. Со празен стомак, гол и бос, без работа, не се води политика. Е така се регрутира армија на послушници, граѓани ни криви ни должни, без способност да градат сопствени ставови, да ги бранат „возвишените цели“ на своите владетели.

Втората метода е ставање над закон по углед на познатата изрека – „државата – тоа сум јас“. По тој метод челниот и неговите најверни послушници се над закони усвоени од Парламентот, тие живеат како недопирливи, а примената на право е селективна, со субјективен пристап на поданиците од било кој ешалон, кои уживаат во привилегија да управуваат во име на власта.

За непречено владеење неопходни се и парите. А да нив најлесно се стига со озаконети и легализирани перфидни методи на „испумпување“ на буџетски сретства во контролирани фондови или на приватни конта, од каде подоцна се плаќаат сите проекти за одржување на власт и владеење.

Што е тоа што најповеќе ги дразни властодржците при обидот на опозицијата да ги симне од власта – стравот од вистината која ќе излезе на виделина, и евентуални санкции за докажаниот криминал.

Почитувани граѓани, зарем успешната власт, власт со висок рејтинг,власт сакана од народот, ќе се плаши од опозицијата, која според нивните сознаниа е во криза, каде постои внатрепартиско неединство и каде добар дел на членството им врти грб на опозиционите лидери. Па слободно излезете на избори и докажете ја својата супериорност.

Само се плашам дека тоа што сакаат да го претстават како неединство во опозиционите редови, со други зборови се вика, внатрепартиска демократија, која за позиционерите е мисловна именка или научна фантастика. Ако сите исто мислат во позиционата партија, како што впрочем го пропагираат медиумските платеници на власта, тогаш тој систем се вика едноумие, или уште поточно речено – диктатура.

А како поинаку да се протолкува непостоење на поинакво размислување од лидерот, а камоли спротивставување на неговите неразумни наредби.

Во секоја демократска држава, на опозицијата и се доделуваат контролни функции на системот како доказ за функционирањето на правна држава. Позицијата во демократски системи не се плаши од контрола и ревизија, зошто работи легално и законски. Зошто кај нас позицијата сака да ги има и овие функции, мислам дека на секого му е јасно.

И нешто за иднината на Р.Македонија. Со ваква власт, со ваква внатрешна и надворешна политика, со сигурност уште долго не можеме да очекуваме справување со сиромаштија, невработеност и градење на демократски капацитети на системот, а камо ли интеграција во НАТО и ЕУ, како приоритетна цел на граѓаните на Р.Македонија. Полека но сигурно власта гради тоталитарен систем, за кој главен метод е „перење на мозоци“ потпомогнат од јавниот сервис МТВ и некои приватни медиуми поткупени со буџетски пари. Помагачите за остварување на вакви цели обично се празноглави, но добро наградени за нивните ангажмани, за жал со парите собрани од граѓаните.

Почитувани граѓани, се издржува сиромаштијата, се издржува невработеноста, ама неправдата понижување и газење достоинство на граѓаните се причини за прелевањето на чашата на издржливоста. Упорната усилба на власта да ги подели граѓаните, има смо една цел – полесно со нив да владее. Е конечно се крана гласот на граѓаните – ГРАЃАНИНОТ Е ТОЈ ШТО ЌЕ ГО ИМА
ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР.

ДА ЖИВЕЕ ГРАЃАНИНОТ – ДА ЖИВЕЕ ДЕМOКРАТИЈА

Мирослав Трлин, член на ЦО на НСД

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска