Противпожарната единица од Кочани го одбележа Денот на пожарникарството

Од:

Територијалната противпожарна единица од Кочани денеска го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарството во Македонија.

На свеченоста, за најуспешен пожарникар во изминатата година беше прогласен Милко Минов, на кого наградата му ја врачи градоначалникот Николчо Илијев.

Градоначалникот искажа задоволство од ангажманот и успешното извршување на задачите на сите припадници на единицата и најави дека во следниот период треба да се инвестира во возила и опрема.

– Годинава, по подолг период, успеавме за пожарникарите да набавиме професионални униформи според европските стандарди. Како задача што сега ни претстои е инвестирањето во моторни возила и опрема за уште повеќе да ја подобриме подготвеноста и капацитетот на противпожарната единица, истакна Илијев.

Според командирот на Противпожарната единица Благојчо Паунов, потребно е доекипирање на единицата со кадар и опрема.

– Во моментот имаме 17 пожарникари, а за нормално извршување на задачите потребни се 30, со оглед што освен Кочани ја покриваме и територијата на општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Неопходно ни е обновување и на возниот парк, бидејќи во просек возилата се стари повеќе од две децении. Покрај ангажманот на терен, од пред извесен период воведовме теориска и практична обука за пожарникарите, што се состои од дневни и ноќни интервенции, рече Паунов.

Во првиот квартал од годинава, кочанските пожарникари имале близу 90 интервенции од различен карактер, што е мал пораст во споредба со истиот период лани. Најголем дел од излегувањата на терен биле за гасење пожари на отворен простор, но имале и десетина интервенции за извлекување повредени во сообраќајни несреќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат