Новиот претседател на каталонската Влада стапи на должност

Од:

Новиот претседател на Владата на шпанскиот автономен регион Каталонија, Ким Тора денеска во Барселона положи заклетва, со што официјално стапи на должноста.

Тврдокорниот сепаратист Тора при полагањето заклетва не се заколна на почитување на Уставот на Шпанија, туку, како што рече, само на „почитување на волјата на каталонскиот народ“.

Тора, кој беше избран за претседател на каталонската регионална Влада во понеделникот, на церемонијата вети дека ќе се залага за „изградба на независна држава“, при што не спомена почитување на Уставот на Шпанија, на шпанскиот крал Фелипе Шести, ниту на Статутот на Каталонија, со кој се регулирани нејзините надлежности како автономен регион.

Слично како и неговиот претходник на оваа функција Карлес Пучдемоин во 2016 година, и Тора вети дека „чесно ќе ги извршува обврските како претседател на каталонската Влада, почитувајќи ја волјата на народот, претставуван од Парламентот на Каталонија“.

На церемонијата на полагањето заклетва на 55-годишниот Тора не присуствувааше ниту еден претставник на централните шпански власти, а не беше истакнато ниту знамето на Шпанија.

Шпанската Влада на премиерот Маријано Рахој реши да не испраќа свој претставник на церемонијата во Барселона, објвинувајќи дека „регионалната извршна власт“ сакала таа да го одредува нивото на владината делегација, што било неприфатливо за Мадрид.

– Владата исто така смета дека церемонијата организирана од каталонската Влада претставува навреда на достоинството на институцијата, се додава во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба