Заев: Утврдивме опција што може да биде прифатлива за двете страни

Од:

Македонија и Грција имаат опција која и за двете страни може да биде прифатлива, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференција во Софија, по средбата со својот грчки колега Алексис Ципрас. Заев оцени дека денеска со Ципрас имале суштествена средба на која го потврдиле тоа што претходно го договориле шефовите на дипломатиите на двете земји.

-Важно беше да ги потврдиме сите успеси, разговаравме суштествено и разгледавме неколку опции, рече Заев.

Една од опциите е решение прифатливо за двете страни.

-По сето тоа што досега беше постигнато како премиери констатиравме и потврдиме дека стоиме зад сето тоа. И добро е што е завршено. Тоа што беше останато опциски го отворивме, преку неколку опции, и утврдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни, рече Заев на прес конференцијата.

Притоа тој додаде дека двете страни мора да внимаваат како тоа што е договорено, потоа инститиуционално ќе се спроведе.

-Мора да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозицајата, така што остануваме да ги разработиме и другите детали, рече премиерот .

На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати- „Не дај боже“, но веднаш и додаде дека е меѓу двете страни е развиено неповратно пријателство, кое и во иднина ќе се развива.

-Би било убаво решението што двете страни би сакале да биде прифатливо, да се постигне уште сега, бидејќи на крајот на јуни имаме европски Совет, а тоа би било дополнително охрабрување за европскиот Совет.

Доколку не е возможно, кажа премиерот, ние продолжуваме во барањето решение, се додека не се договориме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи