Најискусниот играч на Англија нема да патува на Мундијалот во Русија

Од:

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ќе приреди едно од најголемите изненадувања пред Светското првенство во Русија ова лето, соопшти денеска „Сан“.

Тој нема да го вклучи ветеранот Џо Харт, за кој се веруваше дека е на листата, иако не и меѓу стартерите, соопшти изданието. Харт ќе беше најискусниот играч со 75 натпревари и три големи шампионати зад себе.

Веста е шокантна и за печатот на Островот и за голманот, кој, според неговите зборови, „не може да поверува дека ќе остане надвор од 23-те играчи кои ќе патуваат за Русија“.

Во негово отсуство, се очекува Џордан Пикфорд од Евертон да застане на голот, а втор голман да биде Џек Батланд од Стоук. Трет избор веројатно ќе биде Ник Поуп од Барнли.

Веста била објавена од Саутгејт во личен разговор со Харт по телефон. Во негово отсуство, најискусен кај англиските репрезентативци се очекува да биде Гери Кејхил, кој има 58 натпревари во националниот дрес.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он