Манчевски: Потребна е регионална координација за дигитална трансформација

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се обрати на шестата Меѓународна регулаторна конференција, која што се одржува во Охрид, во организација на Агенцијата за електронски комуникации.

Министерот Манчевски се осврна на активностите што во моментов ги превзема МИОА, во областа на информатичко-комуникациските технологии.

„Македонија многу скоро ќе ја усвои стратегијата за широкопојасен интернет, како и националната стратегија за сајбер безбедност. Веќе во октомври ќе ја презентираме и новата долгорочна ИКТ стратегија. Во сорабтка со АЕК, ги мапиравме белите зони, каде дополнителни ќе инвестираме. За реализација на овие активности имаме силна поддршка од ЕУ, како наш стратешки партнер за дигитална трансформација. Граѓаните наскоро ќе ги осетат придобивките од ова партнерство. Како што заклучивме и на првиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе го намали роамингот за земјите од регионот. Дополнително сите шест економии, постигнаа согласност на мерката ‘роаминг-како дома’, за своите граѓани кога патуваат во регионот. За ова имаме голема поддршка од Еврокомесарката Мариа Габриел“, информираше министерот Манчевски.

Како што истакна министерот Манчевски, од особена важност е што и регулаторните агенции се свесни дека сега е вистинското време за рагионална соработка и координирана акција за дигитализација.

„Целта е да им обезбедиме на граѓаните ефикасни, брзи и ефтини услуги. Денес, полесно е да ги донесеме услугите до граѓаните, а не граѓаните до услугите. Тоа можеме да го направиме со помош на технологијата. Ова е многу важно за нас, особено затоа што оваа година ќе го ставиме во функција Националниот портал за е-услуги, порталот за отоврени податоци, а ќе го претставиме и проектот за електронски идентитет на граѓаните“, посочи министерот.

Како што заклучи министерот Манчевски, за целосна дигитализација на Македонија, потребно е вклучување на сите засегнати страни во државата но и тесна соработка со земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он