Владата се уште без потврда дали ДПА и БЕСА ќе добијат министерски места

Од:

Од Владата се уште не потврдуваат дали ДПА и БЕСА на Африм Гаши ќе бидат дел од владиниот состав.

Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, синоќа објавија дека ДПА и БЕСА на Гаши ќе добијат по едно министерско место и оти ова е договорено на средба со премиерот Зоран Заев.

Според пишувањата во медиумите, ДПА ќе го добие Министерството без ресор со кое раководеше Рамиз Мерко, а БЕСА ќе раководи со Министерството за култура. И двете партии ќе добијат и заменици-министри, државни секретари и директори.

Премиерот Заев веќе извесен период изјавува дека сака да го прошири парламентарното мнозинство и оти разговара со помалите партии.

Одлуките за влез во Владата, двете партии ќе треба да ги потврдат на партиските органи.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези