ВИДЕО: Во судирите во Појасот Газа загинаа 50 Палестинци, а над 2000 се повредени

Од:

Бројот на жртвите во судирите меѓу израелската армија и палестинските демонстранти се искачи на 50, а повеќе од 2.000 се повредени, јави телевизијата „Ал Мадин“ повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека над сто лица настрадале од огнено оружје. Меѓу загинатите има и деца на возраст од 12, 14 и 16 година, како и 30-годишна жена.

Според порталот „Сама њуз“ меѓу жртвите е и синот на еден од лидерите на владејачката Хамас во Појасот Газа, Махмуд Рантиси Ахмед, кој бил застрелан од израелската армија во источна Газа.

Меѓу повредените има и двајца новинари, дописникот на „Ал Џазира“ и негов колега од алжирска телевизија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ