Акција за отстранување времени објекти во Кочани

Од:

Општина Кочани започна акција за отстранување на триесетина времено поставени објекти на јавните површини во централното градско подрачје.

Станува збор за трговски киосци и монтажни бараки за занаетчиски услуги за кои пред неколку децении била издададена дозвола за времено поставување, но веќе со години не се во функција, се распаѓаат и ја нагрдуваат околината. Дел од нив се поставени и на тротоари, со што ја загрозуваат безбедноста и го отежнуваат движењето на пешаците.

– Времените објекти се наоѓаат на неколку локации во градот и за сите испративме писмени известувања до сопствениците да ги отстранат. Дел од нив го почитуваат предупредувањето, а рокот во кој треба да се ослободи просторот е до крајот на овој месец. Потоа ќе бидеме принудени да ангажираме екипи за рушење, а трошоците ќе ги подмират сопствениците, истакна Александар Велков, комунален инспектор во Општина Кочани.

Од Општина Кочани најавуваат дека на просторот каде што се лоцирани времените објекти ќе се направи хортикултурно уредување со клупи и мали фонтани.

Слична акција за отстранување на бараките имаше пред околу една година, при што беа расчистени најголем дел од јавните површини и се проширија постојните пешачки зони.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски