А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Макрадули: Животната средина во Македонија ќе се штити и преку грант-програмата ПОНТ

by А1он14/05/2018 - 13:50137
Share0

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска информираше дека во Македонија започнува грант-програмата на Фондот за Природа „Преспа-Охрид“ – ПОНТ, со што ќе се работи на заштита на животната средина, истакнувајќи дека Министерството ќе обезбеди 50 отсто кофинансирање за реализација на проектот.

Добивај вести на вибер

– Станува збор за повеќегодишна соработка, вредна повеќе милиони евра, посочи Макрадули, наведувајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање ги следи тековните процеси на меѓународен план за заштита на природата.

Тој истакна дека главен приоритет на Министерството е ефикасното спроведување на тековните процеси на меѓународен план за заштита на природата.

– Денес се радувам што сум дел од Министерството што исклучително внимание посветува на регионалната соработка и на регионалните проекти. Ние, државите кои се стремиме кон ЕУ мораме да демонстрираме зрелост и кадарност да работиме заедно, нагласи Макрадули.

Тој наведе дека во рамки на проектот ќе бидат исполнети дел од активностите на усвоените Национални стратегии за заштита на природата и биолошка разновидност, кои во последно време, според него, се запоставени.

– Преку финансиската помош на ПОНТ, исто така ќе се спроведат и плановите за управување со заштитените подрачја. Во текот на првата година, предвидено е да се финансираат проекти за заштита на биодиверзитетот, што се однесуваат на Преспанскиот регион, Националниот парк Пелистер, Националниот парк Галичица, како и Преспанското Езеро, објасни Макрадули.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање изрази надеж дека во текот на следните години ПОНТ со својата поддршка ќе се прошири и во охридскиот и во другите региони на земјава.

– Со имплементација на проектите од гранд-програмата на ПОНТ ќе се зајакнат капацитетите на собјектите за управување со заштитените подрачја, општините и невладините организации. Исто така ќе се придонесе и за подобрување на прекуграничното управување во делот на заштита и мониторинг над природата со соседните земји, Албанија и Грција, истакна Макрадули.

Тој посочи дека стратегијата на програмата е да ги подобри и зајакне локалните чинители во областа на животната средина, односно локално да зајакне различни здруженија од делот на рибарството, земјоделските производи, туризмот, медицинските билки и слично.

zivotna sredina

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on23/02/2024 - 17:49

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on04/01/2024 - 16:0604/01/2024 - 20:34

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on03/01/2024 - 13:3403/01/2024 - 13:38

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on23/12/2023 - 11:06

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Катерина Ѓуровски12/09/2023 - 08:42

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент

Горан Наумовски05/07/2023 - 13:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен