Латас побара да ги чита транскриптите од 40 „бомби“

Од:

Адвокатките на Драган Павловиќ – Латас, пред почетокот на главната расправа за предметот „Тотал” ги побараа транскриптите од 40 „бомби“ кои се доказ во судската постапка.

На тоа обвинителката Елизабета Јосифовска рече дека тоа е за одолговлекување на постапката, зашто тие во точно закажан ден и време, можеле да ги преслушаат „бомбите“, ама тоа не го направиле. Таа рече дека со оглед на фактот дека обвинението е поднесено лани, предметот никако да почне по речиси една година од поднесувањето на обвинението.

Адвокатките на Латас, реагираа и на вештачењето на вештакот Павле Гацов. Приговараа дека е изготвено ново вештачење по завршување на истрагата и тоа е приложено во списите на предметот. Еден час судиите ги слушаат адвокатките на Латас и обвинителката од СЈО.

Судијката Славица Наумова, сепак, го прифати барањето на одбраната и му ги даде на обвинетиот транскриптите од разговорите.

Во предметот „Тотал“, обвинет е Драган Павловиќ Латас, заедно со три фирми: „Тотал Маркетинг ДООЕЛ“, „Тотал Медиа Центар“ и „Медиамакс“, каде што тој јавува како сопственик или управител. Судењата досега се одложуваа поради лични и семејни причини на обвинетиот. Според обвинението, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски.

Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги Латас не го пријавил во годишната даночна пријава.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он