ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се заканува со тужби Богдановиќ да каже зошто не си ја исполнил својата законска обврска

Од:

„Градоначалникот на Општина Центар потврди дека не е плаќана комуналната такса и тоа со години наназад која Јавното претпријатије за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на општина Центар законски е должно да и ја плаќа на општина Центар.

Наместо да се заканува со тужби и деманти Богдановиќ треба да каже зошто не си ја исполнил својата законска обврска и не ги има уплатено овие средства на сметка на општината.

Неправилностите во работењето се констатирани од Државниот Завод за ревизија кој како независен државен орган по извршената ревизија ја утврдил оваа ситуација во 2016-тата година а истото се однесува и во 2017-та година.

Затоа уште еднаш го повикуваме јавното обвинителство и другите надлежни институции да постапат по ревизорскиот извештај на Државниот Завод за ревизија и да направат контрола врз ПОЦ и врз општина Центар се со цел да испита сомнителното работење“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на демантот на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?