Времето во Македонија ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се дижи од минус два до четири, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура од минус еден и со дневна до осум степени.
Во четврток ќе има нов влажен бран кој ќе услови облачно и дождливо време.
Во петок ќе има заладување и попладне врнежите постепено ќе преминуваат во снег и на пониските места. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер најпрво од јужен, а потоа и од северен правец.