Одбиено барањето за изземање на обвинителите на СЈО во „Тенк“

Од:

Обвинителот на СЈО Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до судот достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристовска.

Донев рече дека барањето на адвокатите за изземање на обвинителите е со цел да се одложува јавната расправа и предложи судењето да продолжи бидејќи не постојат никакви пречки за тоа.

Судијката Добрила Кацарска повторно даде пауза за да може одбраната да ги разгледа поднесоците од СЈО.

На денешното рочиште присуствуваат обвинетите Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради „ризична бременост“.

Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он