Манчевски очекува аргументирана собраниска дебата за законот за медиуми

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски очекува аргументирана и разумна дебата за Законот за медиуми во Собранието и негово скорешно донесување.

– Драго ми е што конечно законот влезе во процедура. Ние никогаш не бегаме од дебата и сакаме да разговараме со аргументи за предложените амандмани од страна на опозицијата. Се надевам дека ќе имаме аргументирана, но разумна дебата, која ќе не доведе во ситуација во разумно време да успееме да го усвоиме законот којшто конечно ќе ги донесе потребните реформи во медумскиот сектор, изјави денеска Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата за Отворено владино партнерство.

Во однос на ангажирањето на административните службеници вработени по Рамковниот договор, министерот Манчевски рече дека процесот на потпишување на договорите со 985-те административци е во тек и многу брзо се очекува распределбата и на останатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март