Поднесено обвинение против 12 лица за „несовесно работење“ за смртта на Тамара Димовска

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против 12 лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик за случајот со лекувањето на Тамара Димовска која почина откако не беше одобрено лекување во странство.

Обвинителството постапуваше по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и законскиот застапник на оштетеното дете Тамара Димовска од Велес.

-Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител ја побара и обезбеди целокупната документација поврзана со лекувањето на ова дете и тоа од повеќе институции – Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Министерството за здравство, Универзитетската клиника за детски болести, ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, ПЗУ „Филип Втори“ – Скопје и Општата болница во Велес. Истовремено, преку Основното обвинителство Велес, кое ја нареди обдукцијата на починатото девојче, беше преземен и секциониот протокол со кој од страна на Институтот за судска медицина се утврдува конкретната причина за смртта на Тамара Димовска, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, во текот на истражната постапка, ги испитал членовите на Стручниот колегиум – потписници на Предлогот за упатување на лекување во странство, претставник на Фондот за здравствено осигурување, секретарите на Комисиите на Фондот (првостепена и второстепена), директорот на ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, како и членовите на првостепената и второстепената комисија, кои одлучувале при донесувањето на негативното мислење за упатување на овој пациент на лекување во странство.

Од Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија е побарано да се изврши и дополнително вештачење со цел утврдување на поврзаноста на конкретната причина за смртта кај Тамара Димовска со нејзината општа здравствена состојба.

Од многубројните спроведени истражни дејствија утврдено е дека сега обвинетите пет члена од Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, во рамките на Фондот за здравствено осигурување го донеле првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Република Македонија го донеле по истекот на законски предвидениот рок и е спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум на УК ТОАРИЛ УЦ. Притоа предвид ја зеле изјавата на тогашниот министер за здравство кој најавил дека пациентите со деформитет на ’рбетот во иднина нема да одат да се лекуваат во странство, затоа што оперативните зафати ќе се вршат во новоформиран Спинален центар на Клиниката за ортопедски болести во Скопје.

Постапувајќи по ваквото мислење, двајца од обвинетите во својство на директори на Фондот за здравствено осигурување донеле Решение со кое барањето за лекување во странство се одбива како неосновано. Истото Решение било потврдено и од сега обвинетите членови на Второстепената лекарска комисија, а конечно потпишано од обвинетото лице во својство на претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, без притоа да се одржи седница на Управниот одбор.

Постапувајќи во истиот предмет, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава за две лица за кривичното дело Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и за едно лице кое се товареше за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За овие три лица беше утврдено дека немале овластувања да одлучуваат и не учествувале во одлучувањето за лекувањето на починатото дете.

Би можело да ве интересира

Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Адвокат во случајот за малата Тамара: Ова е пресврт во судењето, а ќе се докажува и трошењето на донациите наменети за лекување

Кристијан Ландов

Вработен во ФЗО: Мајката на Тамара кажа дека сака да биде медицински азилант, не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пет обвинети не дојдоа на судење за случајот со Тамара

Ана Ололовска

Протест пред обвинителство: И Тодоров да одговара за смртта на Тамара

Ана Ололовска

Осомничени повеќе лица за случајот со Тамара Димовска

Ана Ололовска