Вкупно 53 претставници на пниг-понг клубови од осум градови од Македонија учествуваа на 26-то државно јуниорско пинг-понг првенство кое се одржа вчера во Крива Паланка.
Домаќин на првенството кое се одржува под капата на Пингпонгарска федерација на Македонија беше ППК „Крива Паланка“, а на натпреварите кои се одигруваа во спортската сала на ООУ „Јоаким Крчовски“ – зграда Партизан, настапија вкупно 53 јуниори и јуниорки од кои 35 во машка и 18 во женска конкуренција.
Имаше играчи од 11 клубови од Крива Паланка, Прилеп, Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Струмица и Крушево.
Во машка конкуренција првото место во индивидуални натпревари го освои Методи Бужаровски од ППК „Рисови“ – Скопје и се закити со титулата државен шампион во јуниорска конкуренција за 2018 година,додека државен првак во женска конкуренција е Ива Димитриевска од ППК „Куманово“.
Одличен пласман на вицешампионската позиција постигна и нашата Ана Стојановска од ППК Крива Паланка, информираат од клубот домаќин на првенството.
Првото место во парови им припадна на Бужаровски и Стојчев ППК Рисови – ППК Шампион ФА, додека кај девојките шампионки во парови се Ива Димитриевска и Ана Стојановска од ППК Куманово – ППК Крива Паланка.