Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град, вклучувајќи ја и Скопската котлина. УВ=6
Максималната температура ќе се движи од 23 до 31степени.
Утре и во понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.
