Бројот на смртни случаи предизвикани од мали сипаници во светот за десет години се намалил за околу 71 отсто, додека бројот на слуачи на заразата е намален за 58 отсто, јавуваат француските медиуми.
Различните акции против малите сипаници и пред се подобрата покриеност со вакцинирање во поголем борј земји, дадоа резултати.
Тие добри резултати, меѓутоа, не треба да ја прикријат другата реалност, разгорување на епидемијата во некои земји, меѓу кои и Франција.
Според податоците на францускиот Институт за здравствена контрола (InVS), до разгорување на таа заразна болст дошло заради слабата покриеност со вакцини и недостигот на котрола на болеста која во Франција требаше да биде искоренета во 2008 година.