Тренерот на Олимпик Марсеј Руди Гарсија истроши многу нерви во реваншот од полуфиналето во Лига Европа против Ред Бул Салцбург, но голот на дефанзивецот Роландо го одведе неговиот тим на последниот натпревар на турнирот.
На 16 мај во Лион, францускиот тим ќе се бори за титулата со Атлетико Мадрид.
Тој изрази задоволство од пласманот и смета дека заслужено се пласирале во финалето на ЛЕ, но додаде дека тие се аутсајдери.
– Ние ќе бидеме аутсајдер против Атлетико, но во еден натпревар сè е можно, прокоментира по мечот Гарсија.
Тој, исто така, ја отвори темата за ВАР системот за помош на судиите и смета дека што побрзо треба да се воведе во евротурнирите.
– Тогаш нема да зборуваме за епизоди како онаа со вториот гол на домаќините, кој беше од офсајд, како и за ударот од аголот, по кој Роландо постигна гол за нас, додаде францускиот тренер.