Врховниот суд ги одби како неосновани или ги отфрли како недозволени барањата за изземање на судии на Апелацискиот и на Кривичниот суд што беше побарано од одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“.
– Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по барање на одбраната во предметот со КОК бр. 7/18, од Обвинителството означен како „Титаник“ за иземање на ВД претседателот на Апелацискиот суд – Скопје Лидија Димчевска во постапка за изземање на претседателот на Основен суд Скопје 1 на 27.04.2018 година донесе решение со кое бараењето за иземање на В.Д. претседателот на второстепениот суд се одбива како неоснован, соопшто Кривичниот суд.
Врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, В.Д. претседателот на Апелацискиот суд – Скопје на 30 април годинава донесе решение со кое барањето на одбраната се отфрла како недозволено.
– Во текот на денешниот ден, по добивање на овие решенија и надлежност за постапување, претседателот на Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по барање на одбраната за иземање на судечкиот совет кој постапува во предметот „Титаник“, донесе решение со кое, барањето за иземање се одбива како неосновано одбива како неосновано.
Сите решенија се експедирани до странките во постапката, велат од Кривичниот суд.
Немањето одговор од Врховен суд за барањето за изземање на судиите, беше причина за денешното одложување на рочиштето за „Титаник“. Судењето за овој предмет на СЈО, ќе продолжи на 9 мај.