Затруени нови осум свадбари од Кочани

Од:

Нови осум свадбари од Кочани се затруле од храна, информираше денеска директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова.

Пациентите денеска побарале медицинска помош кои имале тешка здравствена состојба со симптоми на дијареја, повраќање и висока температура.

Во моментов се одвива хоспитализацијата на пет пациенти од вкупно осумте свадбари кои побарале денеска помош, а епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Штип веќе работат и на овој случај.

Како што вели Димитрова, веднаш се известени и инспекциските служби да излезат на терен за да земат мостри од примероците на храна која што ја посочиле свадбарите.

Новите кочански свадбари посочуваат дека храната била послужена преку кетеринг фирма.

Димитрова забележува дека овие нови свадбари немаат поврзаност со свадбата на која што присуствуваа петмината свадбари од кочанското село Тркање.

Бројот на затруени свадбари во Кочанско во две одделни свадби изнесува во моментов 13.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип