Мозочните удари меѓу помладите не се намалуваат

Од:

Бројот на случаи на мозочен удар меѓу помладите не се намалува. Една нова меѓународна студија покажува дека млади строк-пациенти биле изложени на исти ризични фактори како и постарите, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Меѓу ризичните фактори, меѓу другото, се присутни високиот крвен притисок, прекумерната телесна тежина, пушењето и пасивноста, се констатира во студијата објавена во списанието „Строке“.

Професорот Бо Норвин при шведскиот универзитет во Лунд, кој раководел со подготовката на споменатата студија, изразува надеж дека резултатот ќе помогне да се намали бројката на пациенти погодени од овој вид заболување.

Во Шведска секоја година околу 30.000 лица добиваат мозочен удар. Од нив околу 5.000 се на 50-годишна возраст или помлади.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он