Шкотска прва во светот воведува минимална цена на алкохолот

Од:

Шкотска стана прва земја во светот која воведува минимална цена на алкохолот, што значи дека трговците сега ќе мора да обезбедат една единица алкохол да нема цена под 50 пени.

Ваквата владина мерка треба да обезбеди намалување на голем број смртни случаи на годишно ниво, кои се поврзани со алкохолот.

Како што се наведува, тоа значи дека шише вино од 750 милилитри, кое содржи 13 отсто алкохол, нема да може да се продава за помалку од 4,88 фунти, шише виски од 700 милилитри и со 40 отсто алкохол нема да биде поевтино од 14 фунти, а две литри пијалак, кој содржи пет проценти алкохол за пет фунти.

Шкотската Влада ги предупреди трговците дека нема да има период на прилагодување, а дозволите за продажба ќе се одземаат доколку се прекрши законот.

Секоја недела во Шкотска животот го губат 22 лица поради болести поврзани со алкохолот, а тој здравствен проблем ја чини земјата повеќе од три милијарди фунти годишно.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски