Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска преку соопштение реагираше на, како што се наведува, последните антибугарски пројави во Македонија.
-За жал, уште еднаш името на Бугарија и Бугарите се користи во негативен контекст на јавни настани во Скопје, стои во писмената реакција на Министерството.
Ваквите пројави се контрадикторни со „европските принципи и норми на политичко поведение, демонстрираат стереотипи од минатото и не се во согласност со стремежот на македонското општество да ги сподели европските вредности и да се присоедини кон заедничкото европско семејство“, се вели во писмената реакција.
Реакцијата на официјална Софија, според информациите шти ги пласираа бугарските медиуми, следува по политичките расправии во Скопје, предизвикани од преименувањето на некои улици, меѓу кои се најде и името на Тодор Александров.