Средба на Заев со градоначалникот на Атина, Каминис: Договорот за соработка меѓу Скопје и Атина е мост на доверба

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, попладнево се сретна со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис.

Премиерот Заев и градоначалникот Каминис се согласија дека ваквите чекори на градење доверба, како што е денеска потпишаниот договор за соработка меѓу Скопје и Атина, се историски чекори на поставување мостови за соработка, што е од помош и за политичкиот процес што се води на меѓу владино ниво.

-Одговорни сме за иднината на сегашните, но и на идните генерации и треба да ги развиваме нашите пријателски односи. Скопје е најголем град во нашата држава, ќе биде од значење размената на искуства меѓу нашиот главен град и Атина во делот на позитивни практики на менаџирањето, рече премиерот Заев.

Градоначалникот на Атина, Каминис изрази разбирање за евро-атлантските аспирации на државава. Тој додаде дека е отворен прозорец на можности за владите на двете земји да најдат решение за отвореното билатерално прашање.

-Грција е една од најстарите земји членки на НАТО и на ЕУ и мора да биде лидер во обезбедувањето евро-атлантска иднина за целиот регион. Работиме и на клучните реформски процеси, градиме едно општество за сите граѓани и ќе направиме се што е до нас, да биде најдено заеднички прифатливо решение. Во меѓувреме, добро е што постои политичка волја, ќе ја зајакнуваме довербата, меѓусебната соработка и добрососедските односи, додаде премиерот Заев.

На средбата, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис се согласија и дека Балканот мора да остане стабилен и дека тоа е можно со чиста визија на лидерите и на владите, но и на другите политички субјекти во државите и општествени чинители, кон каде се оди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хеликоптер се урна во море додека гаснеше пожар во Грција

Грција: Голем шумски пожар близу Атина, евакуирани се неколку села

Горан Наумовски

80-годишен Македонец почина на плажа во Грција

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош