Интернационално крапско дружење на акумулацијата Палурци

Од:

Дваесет и една екипа од Македонија, Бугарија, Србија и Грција ќе учествуваат на Првото Интернационално Крапско дружење што денеска почнува на акумулацијата Палурци кај Богданци.

– Натпреварувањето трае 50 часови, а најдобрите спортски риболовци на крап и амур ќе бидат познати в недела на пладне, информираат од организаторот, ЗСР „Костреш“ од Богданци.

Екипите се составени од двајца натпреварувачи, еден резервен натпреварувач и капитен на екипата. Сите учесници мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2018 година и да поседуваат спортска легитимација.

На Крапското дружење дозволен е само улов на крап и амур, а ќе се бодуваат само уловените примероци од над еден килограм.

Би можело да ве интересира

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

А1он

Балканско првенство во риболов во Кавадарци

А1он

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска

Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки крап и пастрмка

Ана Ололовска