Бартол: По решавањето на спорот за името, Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО

Од:

Горазд Бартол, шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје на денешната конференција во МНР која се однесуваше на евроатлантските интеграции на Македонија изјави дека сака државата да ја поздрави како 30 земја членка на Алијансата веднаш откако ќе го реши спорот за името со Грција.

-Стратешката цел на вашата држава да стане дел од НАТО е се поблиску. Имам големи очекувања од Владата во наредниот период. Откако дојдов во Скопје во јуни 2016 година наидов на забавени реформи, но сега сум задоволен од нивното спроведување, рече Бартол.

Тој вели дека е задоволен од досегашната соработка со актуелната влада по што истакна дека така и ќе продолжи откако на Македонија ќе и биде упатена покана за членство во НАТО.

-Ги охрабрувам властите да продолжат со заложбите да го решат прашањето со Грција за спорот околу името и со да се исполни стратешката цел на Македонија да стане 30 земја членка на Алијансата, вели Бартол.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации