Јанкулоска е на боледување, „Титаник“ одложен за 2 мај

Од:

Судот го одложи рочиштето за случајот „Титаник“ во кој се обвинети 21 лице за изборни измами, поради фактот што се уште нема донесено одлука за изземање на судиите во овој предмет.

На денешното судско рочиште не се појави обвинетата ексминистерка Гордана Јанкулоска, нејзината адвокатка Сања Алексиќ, рече дека Јанкулоска има отворено боледување поради нарушена здравствена состојба, кое ѝ истекува утре, по што ќе биде познато дали боледувањето ќе ѝ биде продолжено или прекинато.

Судот ја отповикал наредбата за донесување од куќен притвор на обвинетите Едмонд Темелко и Мумир Пепиќ, поради неможноста да се одржи денешното рочиште.

Судијата Осман Шабани, следното рочиште го закажа за 2 мај, за кога ѝ е упатена покана на Јанкулоска и двајцата адвокати Димитар Дангов и Петар Василев, кои не се појавија на денешното судско рочиште.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески