ВИДЕО: ДУИ и БЕСА со безрезервна поддршка за реформите кои водат кон ЕУ

Од:

Пратеникот Африм Гаши од БЕСА вели дека за прв пат во историјата на плурализмот во Македонија, се поддржани сите предлози од европската агенда. Според него, препораката е признание на европскиот пат, а кон сегментите кои се со негативна оценка, треба сериозно да се пристапи.

„Борбата против организираниот криминал, деполитизацијата на судскиот систем, корупцијата се дел од сегементите кои се со негативна оцена. Се надевам ќе ги поправиме. Се уште имаме голема невработенсот, а тоа придонесува за иселување на нашите граѓани. Треба да направиме максимум да ја ублажиме оваа појава. Бараме кога веќе сме направиле толку значајни чекори, ЕУ да ги прифати истите“, вели Гаши.

Пратеникот на БЕСА вели дека треба сите да бидат попосветени кон оваа цел, со заедничка енергија и Македонија час поскоро да биде во ЕУ, а пак поддршката од БЕСА е секогаш загарантирана за оваа цел.

Денеска свое обраќање имаше и координаторот на пратеничката група на ДУИ, Миртезан Селими, кој рече дека не е ништо ново да се добие позитивна препорака, но клучно е бидејќи има прогрес во секторите и реформи во државата.

Тој исто тврди дека ДУИ е свесна дека реформите не се клучни за зачленување, па затоа го поддржува решавањето на спорот со Грција, за Македонија да биде дел од ЕУ.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он