Заврши изградбата на спомен облежјето за Никола Карев во месноста Свиланово

Од:

Заврши изградбата на спомен обележјето на македонскиот револуционер, Никола Карев во месноста Свиланово, каде што загинал, а се наоѓа на територија на Општина Кочани. Емил Василев од Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) вели дека на 27 април ќе биде пуштено во употреба спомен обележјето, а кое се реализираше со средства од Бирото за рамномерен регионален развој при Министерството за локална самоуправа и дел од буџетите на општините Кочани и Чешиново-Облешево.

– Воедно ќе има и одбележување на Денот на загинувањето на првиот претседател на Крушевската Република. Настанот ќе започне во раните утрински часови со полагање цвеќе на спомениците на Никола Карев, едниот е во Кочани, вториот се наоѓа на патот меѓу Кочани и Штип, кај селото Тркање и последна дестинација е последниот, новоизградениот објект на локацијата Свиланово, вели Василев.

Тој додава дека на настанот ќе присуствуваат 11-те градоначалници од Источно планскиот регион, претставници на Министерстото за локална самоуправа, но и членови на семејството на Никола Карев, како и градоначалникот на Општина Крушево.

Новото спомен облежје на македонскиот револционер Никола Карев во месноста Свиланово чини 5.647.000 денари.

– Најголемиот дел од средствата се од националниот буџет од Програмата за рамномерен регионален развој. Сопствено кофинансирање имаат и општините Кочани и Чешиново-Облешево, рече Василев.

Во моментов се чека и одлуката за доставените четири проекти од 11 општините од и Центарот за развој на ИПР, кои имаат регионален карактер, а треба да се финансираат преку Програмата за рамномерен регионален развој за тековната година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани