Во граѓанскиот суд почнува судењето по тужбата на „Рудници и железарници – Институт“ за Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради на Ташко Јованов. Тужителот си ги бара парите за леењето на спомениците.
Ова здружение во 2014-та донираше пет споменици во Скопје, меѓу кои на Андон Ќосето. Спомениците се донација, но никогаш не ѝ биле платени на леарницата. Вредноста на спорот помеѓу приватната компанија и здружението е приближно 37 милиони денари.
Ова Здружение од Владата на Никола Груевски во период за четири години добило по 300 илјади денари годишно или вкупно 25.000 евра за сите години.
Ова Здружение од државата имаше доделено и автомобил „ауди А4“ како и деловен простор во Трговскиот центар „Скопјанка“, кој по промена на власта му беше одземен со одлука на Агенцијата за управување со одземен имот.