Во Битола се одбележува Денот на основање на УКЛО

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-УКЛО, го одбележува 25 април денот на основањето на Универзитетот во Битола.

Празничната програма почна да се реализира синоќа со спортски натпревари на студентите од битолскиот и други универзитети од државата, денес ќе се одржи традиционалниот натпревар во ораторство „УКЛО ТРИВИУМ“, а утре ќе се одржи промоција на 14 доктори на науки кои во изминатата академска година докторирале на овој Универзитет.

– Централниот настан со кого ќе потсетиме на 25 април 1979 година, кога е основан УКЛО-Битола ќе се одржи во петок за кога се планирани „WIN – WIN Форум“ и свечена седница на Сенатот на УКЛО. На форумот фокус тема е соработката на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми, а обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Глигор Бишев од Шпаркасе Банка и Симон Наумоски, претседател на одборот на директори во прехранбената индустрија, информираат од УКЛО-Битола.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов