А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април

by А1он23/04/2018 - 14:33242
Share0

Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази.

Добивај вести на вибер

Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги повикаат на 25 април и доколку и тогаш не дојдат ќе бидат отповикани.

Денеска сведочеа осум сведоци предложени од одбраната, кои посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности.

Попладнево сведочеа Боби Петковски, Сашо Митевски и Сашо Серафимовски, сите вработени во МВР. Посочија дека имале проблеми со старите блиндирани возила кои често имале дефекти, а за што постојано ги известувале надлежните.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

sjotenk

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он06/09/2025 - 18:3006/09/2025 - 16:29

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Горан Наумовски26/06/2025 - 16:10

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто