Најмалку 20 лица се повредени, од кои петмина потешко, во судар на два регионални воза што се случи денеска во Виена.
Два воза на линијата S45 фронтално се судриле околу 8.45 часот по локално време на трасата меѓу западната станица „Вестбанхоф“ и станицата „Хителдорф“.
Двата воза биле преполни со патници, соопштија надлежните власти.
Возилата на итна помош и пожарникарите дошле на местото на несреќата, како и хеликоптери за транспорт на потешко повредените.
Евакуацијата на сите патници од пренатрупаните композициите траела речиси два часа.
Во септември на истата пруга воз излета од шините, без да предизвика жртви. Истрагата тогаш утврди дека инцидентот е последица на човечка грешка.