11. титула за Надал во Монте Карло

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 11-та титула на Мастерсот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 2:0 во сетови, односно со 6:3 и 6:2.

Надал ја потврди неговата доминација на земјена подлога и стана првиот тенисер кој освоил 11 титули на ист турнир.

Натпреварот го почна Нишикори, кој направи брејк на противнички сервис и имаше водство од 1:2, но во останатиот дел Надал имаше контрола над мечот и ги освои двата сета.

Шпанскиот тенисер повторно се најде на првото место по бројот на освоени титули од серијата Мастерс 1.000 со вкупно 31. титула, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е втор со една титула помалку.

Со победата Надал ќе остане на првото место на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал