Во близина на палатата на саудискиот крал Салман дојде до пукотници, а медиумите пренесоа дека се работи за државен удар. Сепак целиот инцидент бил предизвикан од дрон, пренесуваат медиумите во Саудиска Арабија.
Според пишувањето, обезбедувањето на кралското семејство го „соборило“ дронот кој се појавил во кругот на палатата, во просторот каде се забранети летачки активности.
Неофицијално, кралот бил евакуиран во бункер кој се наоѓа во блиската воена база.
#عاجل أتمنى ضبط النفس وعدم الإفراط في استخدام العنف#هروب_الملك_سلمان#اطلاق_نار_في_حي_الخزامى pic.twitter.com/nvvs9VZ1f3
— غانم الدوسري (@GhanemAlmasarir) April 21, 2018
На социјалните мрежи се појавија коментари дека пукотниците траеле доста долго ако се има предвид дека стрелале по дрон.
BREAKING: Unconfirmed reports of a coup attempt in #Saudi as gunfire is heard near the royal palace in Riyadh, the Saudi capital.
King Salman reportedly moved to a safe bunker, reportedly at a nearby Air Force base. Ongoing situation. pic.twitter.com/Y3bPGxNK88
— Haidar Sumeri (@IraqiSecurity) April 21, 2018