Недела, 27 јануари, „Свети Сава“, е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството воедно, на припадниците на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот.