Финците и следната година доаѓаат во Македонија

Од:

Тур оператори од Македонија се претставија на најголемиот Нордиски саем за патувања и туризам МАТКА што се одржа во Хелсинки од 16 до 20-ти овој месец. Тие, како што соопшти Стопанската комора за туризам, имаа можност да остварат средби и контакти со водечките фински тур оператори со цел продолжување и интензивирање на досегашната успешно реализирана соработка.

„Од особена важност за нас како бизнис сектор е што овој пат добивме директна поддршка од Владата во однос на зголемување на субвенциите за туристите од Финска. Многу сме задоволни од залагањето и проактивниот пристап на амбасадорот Кире Илиоски со помош на кој остваривме бизнис контакти кои отвораат нови перспективи и можности за уште поголем инкаминг туризам од овој дел на светот“, истакна претседателот на Комората Лела Крстевска.

Според Сашко Дончовски, сопственик на ТА „Атлантис“ соработката во претходните две години со најголемиот фински тур оператор кој оваа година ја прославува својата 50 годишнина, ќе биде интензивирана што е добар почеток за регрутирање туристи од Финска и регионот.

„Наша цел е да станеме лидери на скандинавскиот туристички пазар“, потенцира Дончовски, додавајќи дека саемот во Хелиснки треба да послужи како пример за добра и успешна туристичка презентација на Република Македонија.

Учеството на македонските туроператори го организира Амбасадата во Стокхолм во соработка со Стопанската комора за туризам.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ