Џафери-Кахраман: Продолжува безрезервната турска поддршка на Македонија

Од:

Македонија и Турција се соочија со слични инциденти, односно со она што се случи во 2016 година по обидот за неуспешниот преврат во Турција и по насилното влегување во Собранието на РМ. И токму тие случувања покажуваат дека двата парламента, двете држави делат исти искуства и исти проблеми во развојот на демократијата и на институциите, и во тој контекст е оваа заемна поддршка да се надминат последиците од тие настани, истакна денеска претседателот на Собранието Талат Џафери по средбата во Анкара со спикерот на турскиот Парламент Исмаил Кахраман.

Џафери рече дека двете земји немаат отворени прашања, Турција ја поддржува Македонија од осамостојувањето и имаат најдобри можни односи. Турција безрезервно ги поддржува и аспирациите на Македонија за членство во НАТО, јави известувачот на МИА.

– Претседателот Кахраман го поздрави напорот на Македонија во однос на проблемот за заченувањето во Алијансата, како и извештајот на ЕК за прогресот на Македонија и приблужувањето кон ЕУ, истакна Џафери.

Спикерот на турското Собрание Исмаил Кахраман потенцираше дека Македонија е една од клучните земји за мирот на Балканот и нагласи дека имаат големо почитување за најзините напори за мир и стабилност во регионот.

– Нашата поддршка и соработка ќе продолжи во сите области, додаде Кахраман и изрази желба за унапредување на соработката во културата, економијата, како и во други сфери.

На средбата претседателите на двата парламента разменија мислења за билатералните односи. Најавија продлабочување на успешната соработка во одбраната, внатрешните работи, земјоделството, шумарството и водостопанството, локалната самоуправа, здравството, спортот, животната средина, трудот и социјалната политика и сл.

Претседателот на македонскиот законодавен дом Талат Џафери ја започна официјалната посета на Република Турција, претпладнето со посета на Мавзолејот на Ататурк во Анкара каде што положи венец и се потпиша во Златната книга. Џафери е придружуван од потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, претседателот на пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција Енес Ибрахим и членот на групата Јусуф Хасани.

Џафери положи цвеќе и во делот на турскиот Парламент што беше оштетен при обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во спомен на загинатите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ