Тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери негира дека преговарал со други клубови за негов ангажман.
Шпанските медиуми претходно објавија дека предводникот на ПСЖ бара нов тим, бидејќи не верува дека раководството на францускиот великан ќе го задржи во клубот за следната сезона.
– Се појавија информации дека сакам да одам во друг клуб, но ниту јас ниту некој друг во мое име не преговара со други клубови. Јас сум фокусиран со работата во ПСЖ, објави Емери на социјалните мрежи.
Под негово водство ПСЖ оваа сезона ја врати титулата која минатата година ја освои Монако, а „светците“ изборија и финале во домашниот куп.
Сепак, тренерската позиција на Емери е загрозена поради неисполнети амбиции во Лигата на шампионите и раната елиминација уште во осминафиналната фаза.