Лекарската комора најостро го осудува нападот на докторот во Општа болница Кочани

Од:

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општа болница – Кочани и бара целосно расветлување на случајот и адекватно санкционирање на напаѓачот на доктор на неговото работно место во моментот кога тој посветен на својата професија се грижи за пациентите.

Со оглед на зачестеноста на појавите на вербални и физички напади на докторите на нивните работни места, Комората апелира здравствените власти и раководителите на здравствените установи да преземат дополнителни мерки и активности, посебно за дежурните служби и во ноќните часови, со кои на докторите ќе им се обезбеди соодветна заштита и услови за нормална работа.

Комората смета дека насилството над докторите не смее да се толерира, а во таа насока минатата година започна кампањата ” Стоп за насилството во здравството” која се реализира како заедничка активност на коморите од областа на здравството, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија и Министерството за здравство.

Комората смета дека плановите за спречување на насилството врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници мора да се изработуваат на национално ниво, но и во здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на владата и здравствените установи.

Заложбата на Комората е за јасна и транспарентна акција која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски