А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Лидерска средба ќe нема, ќе има меѓусебно информирање

by А1он16/04/2018 - 15:33341
Share0

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, бидејќи, како што рече во Охрид немало некој посебен исчекор.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата и на шефот на опозицијата, заради тоа што тие заклучуваат дека навистина нема нешто толку значајно што би било основ за лидерска средба. Ние тоа го почитуваме. За нас е важно да бидат сите информирани и да ги споделиме идеите за следните стратешки чекори, изјави Заев денеска по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“.

Редот е, како што рече, не само да се информираме, туку и заемно да се консултираме за стратегиите и чекорите кои ќе ги преземеме за конечно да очекуваме национално единство и консензус во државата по вака важни прашања.

На новинарско прашање во врска со ставовите на грчката опозиција и власта во врска неговите изјави околу името, Заев одговори дека водат транспарентен процес и оти и граѓаните треба да знаат.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Точно е постојат разлики од самиот почеток, постоеле и 27 години, но исто така е точно и дека има исчекор во преговарачкиот процес. Секако до крај не се решени работите. Но, прво е добро што граѓаните од двете земји се поприлично упатени, второ што никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту пак поголема извесност за изнаоѓање на решение на овој горлив проблем, рече Заев.

Вели дека тој само испраќа порака дека треба да се продолжи посветено со заемана грижа за позициите на другата страна од преговорите.

– Ние да водиме грижа за грчката страна, тие за нашата страна за да можеме на крај да се обидеме да направиме се, со целата креативност што ја имаме за двете страни да бидат конечно задоволни од конечното решение или подеднакво незадоволни, истакна премиерот.

На прашање што доколку не се постигне решение тој одговори дека многу малку или воопшто не размислува што доколку не се дојде до решение.

– Ако не се постигне веројатно ќе продолжиме со разговорите. Реформите и економијата ќе продолжат во државата. Ова е важна лента по која се води Македонија, а и неколку други ленти паралелно се отворени. Знам дека и да не најдеме решение за проблемот со Грција мора да градиме пријателство. Јас ќе продолжам да градам пријателство, ќе подавам рака и ќе се обидувам за два, за пет месеци, за година дена да се изнајде решение. Искрено посакувам да се најде решение заради тоа што имаме многу да работиме во иднина како соседски земји. Имаме многу што да подобриме во интерес на граѓаните меѓу двете земји, така да претстојат многу други задачи покрај овој проблем кој постои меѓу двете земји, рече Заев.

imetopartiivlada

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Горан Наумовски30/04/2026 - 20:53

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 13:3323/04/2026 - 14:01

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 15:56

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто