Реакции на нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија

Од:

Нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума, наидоа на поделени реакции во светот.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека извршените „координирани и прецизни напади“ имале за цел да го намалат капацитетот на сирискиот режим за производство на хемиско оружје и негова употреба.

Според Меј, целта на акцијата не била мешање на западните земји во граѓанската војна во Сирија или смана на сирискиот претседател Башар ал-Асад од власта.

– Го сторивме тоа затоа што сметаме дека тие акции се во национален интерес на Велика Британија. Не можеме да дозволиме употребата на хемиско оружје да стане нормална работа во Сирија, на улиците во Велика Британија или каде било на друго место во светот, порача Меј.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција се вклучила во операцијата во Сирија затоа што не може да „толерира банализирање на употребата на хемиското оружје“.

– Нападите се ограничени на капацитетите на сирискиот режим, кои му овозможуваат производство и употреба на хемиско оружје, порача Макрон.

Според него, нема никаков сомнеж дека „сирискиот режим е одговорен за смртта на десетици мажи, жени и деца при хемискиот напад во Дума на 7 април“.

– Црвената линија, што Франција ја постави во мај 2017 година, беше премината. Затоа наредив француските вооружени сили минатата ноќ да се вклучат во меѓународната операција насочена против незаконскиот хемиски арсенал на сирискиот режим, додаде Макрон.

Шефот на француската диплматија Жан-Ив Ле Дријан пак порача дека воената операција на САД, Велика Британија и Франција „била легитимна“, затоа што „хемиската ескалација во Сирија е непрфатлива“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги поддржа, како што нагласи, „прецизните напади“ на САД, Велика Британија и Франција во Сирија.

– НАТО ги поддржува активностите на САД, Велика Британија и Франција против објектите за хемиско оружје на сирискиот режим. Тие акции ќе ги ограничат капацитетите на режимот да врши други напади со хемиско оружје врз народот на Сирија, наведува Столтенберг во писмено соопштение.

Според него, НАТО од секогаш ја осудувал употребата на хемиско оружје од страна на сириските власти, со што јавно се кршат меѓународните норми и договори.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази солидарност на ЕУ со САД, Велика Британија и Франција по нападите врз Сирија.

– Нападите од страна на САД, Франција и Велика Британија се јасен знак дека сирискиот режим заедно со Русија и Иран не смеат да продолжат со оваа човечка трагедија, барем не без цена. ЕУ стои со своите сојузници на страната на правдата, објави Туск на својот Твитер во прва реакција на ЕУ за нападите.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во врска со нападите оцени дека Брисел семат дека употребата на хемиско оружје е „неприфатлива“ и мора да се осуди „на најстрог начин“.

Осудувајќи го „хемискиот напад во Дума на 7 април“, Јункер нагласува дека „ова не е прв пат сирискиот режим да употреби хемиско оружје во овој конфликтот, но дека тоа мора да биде последен пат“.

Јункер во својата реакција повикува на изнаоѓање политичко решение за сирискиот конфликт со посредство на Обединетите нации.

Всоката претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини истакна дека Европската Унија „најстрого ја осудува постојанта употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим“.

– Во тој контекст бевме информирани за целните американски, британски и француски воздушни напади врз складиштата за хемиско оружје во Сирија. Овие специфични мерки се преземени со единствена цел да се спречи идна употреба на хемиско оружје и хемиски супстанци како оружје од страна на сирискиот режим за убивање на сопстениот народ, наведува Могерини.

Таа додава дека ЕУ ги поддржува сите напори за спречување на употребата на хемиско оружје и потсетува дека тоа претставува „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Могерини изрази уште еднаш жалење што мандатот на заедничкиот истражен механизам при Организацијата за забрана на хемиското оружје, не е обновен од ноенври 2017. Овој механизам беше воспоставен со резолуција на Советот на безбедност на Обединетите нации.

Високата претставничка во име на ЕУ ги повикува Русија и Иран да го искористат своето „влијание за да спречат понатамошна употреба на хемиско оружје“ во Сирија.

– ЕУ повторува дека не може да има друго решение за сирискиот конфликт освен политичко. Наша заедничка цел е да спречиме ескалација на насилството што би го претворил сирискиот конфликт во поширока регионална конфорнтација со незамисливи последици за Блискиот Исток, како и за целиот свет. ЕУ ги повикува сите страни, особено режимот и нивните сојузници веднаш да го имплементираат прекинот на огнот и да обезбедат хуманитарен пристап и медициснки евакуации, како што заеднички е договорено со резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН, нагласува Могерини во соопштението.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нападите на западните сојузници во Сирија претставувале „неопходен и соодветен одговор за хемискиот напад“.

– Го поддруваме фактот што нашите американски, британски и француски сојузници презедоа одговорност. Меѓународната заедница ја осуди употребата на хемиско оружје и ја предупреди сириската влада повеќе да не го прави тоа, порача Меркел.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија има разбирање за воената акција на трите нејзини сојузници, бидејќи „употребата на хемиско оружје претставува сериозен прекршок“.

Шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен изјави дека Копенхаген безусловно ги подржува нападите, бидејќќи „трегедијата на која светот беше сведок по хемискиот напад во Дума, укажува дека режимот на Асад има длабок презир кон човечкиот живот“.

Чешка оцени дека акцијата во Сирија била „соодветен одговор на варварскиот напад во Дума“.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека Ткио ја поддржува одлуката на САД, Велика Британија и Франција за акција во Сирија како „одговор на хемискиот бапад во близина на Дамаск“.

Шефот на јапонската дипломатија Таро Коно оцени дека оние кои „користат хемиско оружје, треба да бидат казнети“.

Канадскиот премиер Џастин Трудо ја поддржа операцијата на САД, Велика Британија и Франција, порачувајќи дека „виновниците за употребата на хемиско оружје во Источна Гута треба да бидат изведени пред суд“.

– Канада ќе продолжи да работи со меѓународните партнери за понатамошна истрага за употребата на хемиско оржје во Сирија, посочи Трудо.

Турското Министерство за надворешни работи го поздрави „соодветниот одговор“ на САД, Велика Британија и Франција врз објектите на сириската Влада.

– Таа операција е одговор на целото човештво по нападот во Дума. Се укажува на тоа дека овој напад е извршен од сирискиот режим, се додава во соопштението на турското Министерство.

Израелската Влада ги поздрави нападите на трите западни земји, оценувајќи дека тие претставуваат „важен сигна“ за Иран, Сирија и либанската екстремистичка група Хезболах.

– Со употребата на хемиско оржје се преминува црвената линија, која човештвото повеќе не може да ја толерира, напиша на Твитер членот на Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јоав Галант.

Катар и Саудиска Арабија, исто така, ги поддржаа нападите врз Сирија.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека внимателно ги следи извештаите за денешните напади на САД, Велика Британија и Франција, потенцирајќи дека сите земји се должни да дејствуваат во рамки на Повелбата на Светската организација и меѓународното право.

– Каква било употреба на хемиско оружје е одвратна. Страдањата што ги предизвикува употребата на тоа оружје се стравични, оцени Гутереш.

Тој ги повика земјите членки на ОН да покажат воздржаност и да избегнат чекори што би миожеле да доведат до екслација на состојбата.

Кремљ соопшти дека Русија свикала итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија.

Во соопштението се посочува дека претседателот на Русија, Владимир Путин ги осудил нападите врз Сирија, каде „руски војници и помагаат на легитимната Влада во борбата против тероризмот“.

– Акциите на САД дополнително ја усложнуваат хуманитраната катастрофа во Сирија и тие носат одговорност за страдањата на мирното населние, оценил Путин.

Според него, САД ги „затвораат очите пред дејствувањето на терористите, кои седум години го имачуваат сирискиот народ и поттикнуваат бран бегалци од земјата и регоонот“.

– За нападот врз Сирија беше искористен исцениран случај на употреба на отровни супстанци против цивилното население во Дума. Повторно, како и пред една година кога САД ја нападнаа базата Шајрат во Сирија, како повод искористија исцениран случај на употреба на отровни супстанци, порача Путин, додавајќи дека нема потврда оти во Дума имало напад со хемиско оружје.

Според Путин, ескалацијата на тензиите во Сирија има „разурнувачко влијание врз целокупниот систем на меѓународни односи“.

– Историјата ќе го каже своето. Таа веќе му ја припиша на Вашингтон тешката одговорност за крвавите конфликти во Југославија, Ирак и Либија. истакна Путин во писмената реакција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија, која со години се спротивставувала на „терористичката агресија“, токму во момент кога земјата имала шанса за „мирна иднина“.

– Белата куќа вели дека нејзината убеденост за извршен хемиски напад од страна на Дамаск се базира на извештаите од медимите, сознанијата за симптомите, снимките и фотографиите, како и на кредибилни информации. По ова, американските и другите западни медиуми треба да бидат свесни за својата одговорност за тоа што се случи, наведува Захарова во објава на својот профил на Фејсбук.

Захарова денешните напади врз Сирија ги поистовети со почетокот на операцијата на западните сојузници во Ирак во 2003 година, која, како што невдува, се базираше на тврдењата дека Багдад поседува оружје за масовно уништување.

– Пред 15 години Белата куќа искористи една епрувета и својот државен секретар, а сега наместо епрувета Вашингтон ги користи медиумите, доадва Захарова во објавата.

Нападите ги осуди и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, оценувајќи дека тие „нема да останат без последици“. – Целата одговорност за нападите е на Вашингтон, Лондон и Париз. САД го поседуваат најголемиот арсенал на хемиско оружје и немаат никакво морално право да обвинуваат други земји, додаде Антонов.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека верува оти политички договор е единствената опција за решавање на сириското прашање и повика на целосна фер и објактивна истрага за наводните хемиски напади во Сирија.

– Кина постојано се спротиставува на употребата на сила во меѓународните односи. Воена акција која ги заобиколува Советот за безбедност на ОН, ги крши принципите и основните норми на меѓуанродното правом, изјави портпаролка на Министерството, Хуа Чунјунг.

Иран, кој е главен сојузник на Дамаск во регионот, предупреди дека нападите на САД, Велика Британија и Франција ќе имаат регионални последици.

– Соединетите Држави и нивните сојузници, без никаков доказ и дури и пред Организацијата за забрана на хемиското оружје да заземе став, извршија воена операција против Сирија и се одговорни за регионалните последици од таа авантуристичка акција, оцени иранското Министрство за надворешни работи.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамени во врска со нападите ги оквалификува американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Меј и францускиот претседател Макрон како „криминалци“.

– САД и нивните сојузници нема да постигнат ништо со злосторствата во Сирија.истакна Хамнеи на состанок со политичките и воени ллидери во Иран. – Американскиот претседател, британскиот премиер и францускиот претседател се криминалци, Тие нема да добијат ништо и нема да имаат никаква корист од нападите, нагласи ајатолахот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека нападите врз Сирија потсетуваат на бомбадирањата на некогашна СР Југославија. Сите нас, кои сме повозрасни од 18-19 година, тоа болно не потсетува на периодот низ кој поминувавме, оцени Вучиќ.

Ирак оцени дека нападите врз Сирија можа да го засилат тероризмот во регионот, додека Ерипет изрази „длабока вознемиреност“ од зголемеите тензии во регионот.

Либанскиот претседател Мишел Аун ги осуди наопадите, оценивајќи дека тие не придонесуваат за изнапѓање политичко решение за кризата во Сирија.

Сириските власти ја осудија, како што нагласија, „варварската и брутална агресија“ на западните земји врз Сирија.

Според Дамаск, нападите што рано изутринава ги извршија САД, Велика Британија и Франција, имале за цел да ја спречат мисијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЦВБ), која требаше да почне денеска во Дума, со задача да утврди дали во тој град минатата сабота бил извршен напад со хемиско оружје,

– Главна цел на агресијата е да се спречи работата на тимот и да се изврши притисок врз мисијата во обид за прикривање на лагите и измилсиците на Западот, се наведува во реакцијата на сириските власти.

Дамаск во соопштението посочува дека нападите нема да ја поколебаат сириската армија во нејзината решителност да ја засили борбата против бунтовниците и да воспостави контрола врз целата територија на земјата.

– Таа агресија само ќе ги зголеми тензиите и ќе ја загрози меѓународната безбедност, се истакнува во соопштението.

Во исто време, сириската армија соопшти дека при денешните напади врз цели во реоните на Дамаск и Хомс немало човечки жртви.

– Загубите од нападите врз сириската територија се ограничени само на материјални штети, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски