Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ризикува да го пропушти полуфиналето против Арсенал од Лига Европа, откако му беше дијагностицирана повреда на тетивата на левата нога и ќе треба да одмора извесно време.
Шпанскиот напаѓач беше повреден синоќа во Лигата на Европа против Спортинг Лисабон. Атлетико го загуби натпреварот со 0:1, но продолжува со вкупен резултат од двата натпревари од 2:1.
– При враќањето во Мадрид, медицинскиот штаб на клубот направи тестови на напаѓачот, а во дијагнозата се наведува дека има повреда на тетивата на левата нога. Се уште не е јасно колку време тој ќе се опоравува, се вели во соопштението на клубот.
Атлетико гостува на Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа на 26-ти април, а на 3-ти мај е домаќин во реваншот.
Кошта, кој минатата година се врати во Атлетико, има 6 гола во 18 натпревари оваа сезона.