Средба Ахмети-Тимоние: Добредојдена е помошта на франција за ставање крај на спорот за името

Од:

Политичките активности во земјата и регионот, текот на реформите во Собранието и Владата, преговорите за името и членството во НАТО и ЕУ, биле теми на денешната средба меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, изразил задоволство од напредокот на системските реформи во земјата и посочил дека се уште има многу работа што треба да се направи во однос на владеењето на правото и законот, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

– Ахмети е поттикнат од развојот на преговорите во врска со прашањето за името и приближувањето меѓу Скопје и Атина, со што помошта од страна на Франција е потребна и добредојдена за да се стави крај на овој спор. Овие активности треба да обезбедат целосна и чиста препорака за започнување на преговорите со Европската Унија на 17 април, како и добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, истакнал претседателот ДУИ.

На средбата Ахмети се осврнал и на развојот на настаните за донесување на декретот за Законот за јазиците, нагласувајќи ги очекувањата на претседателот Иванов да го даде неговиот придонес и да стави потпис на заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче