На социјалните мрежи се шири граѓански повик како одговор на обидите за манипулација од страна на државната информативна агенција, „Пиши и на МИА“.
Се повикуваат граѓаните соилјадници мејлови , да се поттикне МИА да преземе одговорност и да информира објективно!
Еве го повикот во целост:
„Почитувани одговорни и совесни граѓани,
Ова е повик за граѓанска акција која треба да е одговор на последниот обид на државната информативна агенција МИА да ја манипулира јавноста, преку извртување на вистината и преку погрешно толкување на изјави од високи дипломати.
На овој блог ќе се објавуваат сите вакви и слични случаи на откриена манипулација од страна на државните јавни гласила.
Последниот скандал е производ на дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, кој изјавата на заменик помошникот на државниот секретар на САД, поранешниот Амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, се обиде да ја спинува и да и даде целосно погрешно толкување.
Имено, новинарот ја искористи изјавата на Рикер во која тој вели “САД се малку разочарани од некои политички лидери кои со своето однесување го пренасочуваат фокусот на вниманието во своите земји од важни работи, а за свои лични програми” и преку државната МИА ја изврте давајќи и значење за кое подоцна се покажа дека не е точно. МИА објави:“Оваа изјава може да се толкува како нова порака за претседателот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски и неговото улично делување во Македонија.“
После ова, порталот Либертас контактираше со Амбасадорот за да ја провери вистинитоста на ова толкување, а Рикер недвосмислено одговори “Не мислев на господинот Црвенковски. Не се сеќавам дека некој од МИА или било кој македонски новинар присуствуваше на брифингот во Брисел. Алудирав на балканските лидери кои не ги придвижуваат своите земји напред”.
Затоа, сметаме дека МИА треба да се соочи со граѓанска реакција и со јавност, истата онаа јавност со чии пари оваа државна информативна агенција би требало да информира точно, непристрасно и во интерес на граѓаните.
Ги повикуваме сите граѓани кои ги поддржуваат принципите на објективно информирање и независно новинарство да испратат е-порака до одговорните во МИА со која бараме:
01) Признавање на манипулацијата која е производ на дописникот на МИА од Брисел;
02) Преземање одговорност во име на дописникот и во име на агенцијата;
03) Санкционирање на одговорните за ова грубо крешење на слободното информирање и овој обид за манипулирање на граѓаните;
04) Професионализација на оваа државна институција која се финансира од државен буџет, односно од парите на граѓаните;
05) Запирање со пласирањето лаги во јавност и објективно информирање во интерес на вистината;
Веруваме дека ваква акција може да биде чекор кон отрезнување на институциите и медиумите кои мислат дека може да си поигруваат со вистината која граѓаните почнаа лесно да ја препознаваат.
Оваа акција нема за цел да брани интереси на ни една партиска опција во Македонија.Оваа акција е директна поддршка на слободата и правото на непристрасно информирање. Последниот настан со Амбасадорот Рикер се користи само како повод за МИА да добие порака од јавноста дека е крајно време да престанат извртувањата на вистината.
Ова се адресите на кои може да испратите е-порака со конкретните барања до МИА:
Љупчо Јакимоски, директор на МИА
Бошко Трпески, претседател на Надзорен одбор на МИА
Официјална адреса за е-пошта на МИА:
Заради олесување на чекорите во оваа акција, Ви предлагаме порака која може да ја ископирате и да ја испратите до одговорните од МИА:
Subject: Барам одговорност и санкции за манипулацијата со изјавата на Амбасадорот Филип Рикер
To: [email protected], [email protected], [email protected]
Почитувани,
Ви се обраќам со ова писмо со цел да реагирам на последниот обид за манипулација со јавноста од страна на Вашата институција. Реагирам на лажната информација на дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, кој изјавата на заменик помошникот на државниот секретар на САД, поранешниот Амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, се обиде да ја спинува и да и даде целосно погрешно толкување.
Вашиот дописник и Вашата агенција пренесоа дека оваа изјава може да се толкува како нова порака за претседателот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски и неговото улично делување во Македонија, а одговорот на Амбасадорот Рикер е јасен: “Не мислев на господинот Црвенковски. Не се сеќавам дека некој од МИА или било кој македонски новинар присуствуваше на брифингот во Брисел. Алудирав на балканските лидери кои не ги придвижуваат своите земји напред”.
Оваа реакција нема за цел да брани интереси на ни една партиска опција во Македонија. Оваа реакција е директно барање за непристрасно информирање.
Затоа, од Вашата информативна агенција која се финансира и со моите пари недвосмислено барам:
01) Јавно признавање на манипулацијата која е производ на дописникот на МИА од Брисел;
02) Преземање одговорност во име на дописникот и во име на агенцијата;
03) Санкционирање на одговорните за ова грубо крешење на слободното информирање и овој обид за манипулирање со граѓаните;
04) Професионализација на оваа државна институција која се финансира од државен буџет, односно од парите на граѓаните;
05) Запирање со пласирањето лаги во јавност и објективно информирање во интерес на вистината;
Линкот на иницијативата е на http://miamanipulira.tumblr.com/post/40860921068