ВИДЕО: Топло добредојде за Коѕијас во Охрид

Од:

Денеска околу 9 часот започна средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров. Средбата која се одржува во владината вила во Охрид претставува нова рунда преговори за надминување на проблемот со името.

Оваа посета на Коѕијас е во рамките на неговата мини балканска турнеја. Вчера грчкиот министер беше во посета на Белград, а по средбата со Димитров најверојатно ќе отпатува за Приштина.

Двајцата дипломати во пресрет на денешната средба истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во насока на натамошно зближување на позициите, но посочија дека се уште постојат прашања кои треба да бидат решени. Атина инсистира на уставни промени за кои Македонија смета дека не се потребни.

Последната рунда преговори за спорот за името се одржи на 30 март во австриското МНР во Виена каде шефовите на дипломатиите на двете држави Димитров и Коѕијас одржаа средба со медијаторот Метју Нимиц. По средбата Димитров изјави дека има условен напредок во преговорите, бидејќи со одењето напред во преговорите доаѓаат потешките прашања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски