Ѓорѓиоски дел од ФИФА делегација за избор на домаќини на СП 2026

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски следните десетина дена ќе биде во работна посета на Северна Америка и Мароко како дел од Комисијата на ФИФА за утврдување на условите кои го нудат државите кои се кандидираат за домаќини на Светското првенство во 2026 година.

– Имам исклучителна чест, но и обврска заедно со колегите од организацискиот комитет за натпреварување на ФИФА да им ја отвориме вратата на партнерите и да се запознаеме со условите кои ги нудат земјите кои се кандидираат за домаќини на СП 2026 година. Фудбалот е игра за сите, било каде во светот, а примарна цел на ФИФА е да го промовира неговиот развој. Страста за фудбалот не е нималку спорна ниту во Северна Америка, ниту во Мароко, темелите за добра соработка веќе се поставени, а желбата на домашните федерации со ФИФА е да продолжи размената на знаења, искуства и барање решенија за различни предизвици, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Во комисијата на ФИФА членуваат и хрватскиот великан Звонимир Бобан, потоа Марко Вилигер, Томаш Весел и Мукул Мудгал.

За организација на Светскиот Куп во 2026 година до ФИФА стигнаа две официјални кандидатури, едната заедничка на САД, Канада и на Мексико и втората самостојна на Мароко.

По извештајот за евалуација на двете кандидатури што ќе го подготви оваа комисија, конечната одлука околу домаќинот на СП 2026 ќе биде донесена на Конгресот на ФИФА што ќе се одржи на 13 јуни во Москва.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ